За Петар

Петар Стојковиќ (роден 1985 во Скопје) е актер кој работи на театарски, телевизиски и филмски проекти. Активист за човекови права, активно вклучен во ЛГБТ-движењето во својата земја.

Резиме

Профил

Петар Стојковиќ
Име /

Петар Стојковиќ

Година на раѓање /

1985

Локација /

Скопје, Северна Македонија

Е-пошта /

email [@] petar.mk

Телефон /

+389 76 480 300

Образование

Дипломиран актер

Факултет за драмски уметности (Скопје, Северна Македонија)
просек 9.29 на скала од 10.00

Јун 2009

Работа

Администратор на датабаза

ЕГАЛ, Здружение за сексуално здравје и права

Во рамките на „Превенција на ХИВ кај клучните популации - програми за МСМ во Скопје, Струмица, Штип, Охрид, Куманово и Битола“.

Мар 2024 ~ денес
Скопје, Северна Македонија

Лице за комуникации

Самостоен синдикат на новинари и медиумски работници

Одговорен за присуството на организацијата на интернет, вклучително одржување на веб-сајтот и менаџирање на социјалните мрежи.

Сеп 2023 ~ денес
Скопје, Северна Македонија

Менаџер за администрација и комуникации

КВИР ЦЕНТАР, Здружение за сексуални и родови малцинства

Управување со администрација, комуникации, човечки ресурси; развој на пи-ар и визуелен идентитет; асистент на извршен директор.

Сеп 2022 ~ денес
Скопје, Северна Македонија

Надворешен соработник

ХЕРА, Асоцијација за здравствена едукација и истражување

Дисеминација на информации за сервисот самотестирање за ХИВ

Мар 2022 ~ Апр 2022
Скопје, Северна Македонија

Веб-администратор

ЛГБТИ ЈУНАЈТЕД, Здружение за зајакнување и застапување на ЛГБТИ заедницата

Изработка на веб-сајт, оптимизација на веб-сајтот за брзина, безбедност и приватност, креација на содржини, кампањи на социјални мрежи за промоција на активностите на невладината организација.

Јан 2022 ~ Окт 2023
Тетово, Северна Македонија

Веб-администратор

Топ Интернешнл РЕНТ-А-КАР

Изработка на веб-сајт, оптимизација на веб-сајтот за брзина, безбедност и приватност, креација на содржини, адвертајзинг на социјални мрежи.

Дек 2021 ~ денес
Скопје, Северна Македонија

Веб-администратор

Издавачка куќа „Култура“

Оптимизација на веб-сајтот за брзина, безбедност и приватност, усогласување со Законот за заштита на личните податоци, кампања на социјални мрежи за ноемврискиот саем на книга на „Култура“.

Сеп 2021 ~ Ное 2021
Скопје, Северна Македонија

Организатор и веб-администратор

Скопје Прајд

Член на организацискиот одбор на скопската парада на гордоста, изработка на веб-сајт, оптимизација на веб-сајтот за брзина, безбедност и приватност.

Мај 2021 ~ денес
Скопје, Северна Македонија

Веб-администратор

ЕГАЛ, Здружение за сексуално здравје и права

Изработка на веб-сајт, оптимизација на веб-сајтот за брзина, безбедност и приватност, креација на информативно-едукативни содржини, кампањи на социјални мрежи за подигнување на јавната свесност за ХИВ/СИДА.

Дек 2020 ~ денес
Скопје, Северна Македонија

Координатор за односи со јавност

ЗАЕДНО ПОСИЛНИ, Здружение за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ

Управување со јавниот имиџ на организацијата, организирање настани, дисеминација на информации во медиумите и интернет просторот...

Јул 2019 ~ Дек 2019
Скопје, Северна Македонија

Веб-администратор

ЖФК ЏИ-ЏИ

Надворешен соработник задолжен за администрација на веб-сајт, SEO (Search Engine Optimization), интернет маркетинг, креација на содржини.

Дек 2018 ~ Дек 2019
Скопје, Северна Македонија

Веб-администратор

„Панда“ - Ветеринарна амбуланта за домашни миленици и пет шоп

Надворешен соработник задолжен за администрација на веб-сајт, SEO (Search Engine Optimization), интернет маркетинг, креација на содржини.

Апр 2018 ~ Дек 2022
Скопје, Северна Македонија

Претседател

КВИР СКВЕР, Здружение за културен и медиумски активизам

Стратешки лидер со фискален надзор.

Сеп 2017 ~ денес
Скопје, Северна Македонија

Главен и одговорен уредник

QUEER.MK

Управување со сите активности и политики на редакцијата.

Мар 2014 ~ Јул 2017
Скопје, Северна Македонија

Координатор за односи со јавност

Цивил - Центар за слобода

Управување со јавниот имиџ на организацијата, организирање настани, дисеминација на информации во медиумите и интернет просторот...

Мар 2014 ~ Јул 2014
Мар 2020 ~ Апр 2020
Скопје, Северна Македонија

Координатор за односи со јавност

Женска Алијанса

Управување со јавниот имиџ на организацијата, организирање настани, дисеминација на информации во медиумите и интернет просторот...

Сеп 2013 ~ Авг 2017
Скопје, Северна Македонија

Актер (како гостин)

Театар за деца и младинци

Страшливиот Лав во "Волшебникот од Оз" од Л. Френк Баум, мјузикл во режија на Боњо Лунгов. Има настапувано и како Кралот Срце во "Алиса во земјата на чудата" од Луис Керол, претстава во режија на Александар Ивановски.

Мај 2011 ~ Дек 2012
Скопје, Северна Македонија

Веб-администратор

Медобил Груп

Администрација на веб-сајтови, SEO (Search Engine Optimization) и интернет маркетинг.

Авг 2011 ~ Јул 2012
Ное 2017 ~ Фев 2018
Дек 2018 ~ Апр 2019
Скопје, Северна Македонија

Актер

Македонска Радио Телевизија

Една од главните улоги во "Зборуваме македонски", телевизиски мини-серијал во режија на Владо Денчов. Емисијата е посветена на правописот и правоговорот, во уредништво на Ленче Смилевска.

Јан 2008 ~ Апр 2008
Скопје, Северна Македонија

Почести & Награди

Награда за колективна актерска игра

19ти Меѓународен фестивал на театри за деца - Суботица

Доделена на актерската екипа од "Волшебникот од Оз", мјузикл во продукција на Театар за деца и младинци - Скопје.

Мај 2012
Суботица, Србија

Галерија

Петар Стојковиќ, Изабела Новотни и Ана Левајковиќ во Македонски народен театар
театарски перформанс

Живот за еден сон

Прославувајќи го јубилејот 50 години од Факултетот за драмски уметности - Скопје, на 1 ноември 2019 година во Македонскиот народен театар, Скомрахи 2019 беше отворен со перформансот „Живот за еден сон“ во кој учествуваа околу 120 актери и актерки од сите генерации кои поминале на факултетот изминатите 50 години. Кореографијата е на Кренаре Невзати - Кери.

Петар Стојковиќ со поздравен говор на националната тркалезна маса: Справување со хомофобијата во македонскиот фудбал
тркалезна маса

Фудбал за сите

Петар Стојковиќ одржа поздравен говор на првата национална тркалезна маса на тема „Справување со хомофобијата во македонскиот фудбал“ која се одржа на 26 февруари 2018 во ЕУ ИнфоЦентарот, настан организиран од Здружението за културен и медиумски активизам КВИР СКВЕР од Скопје.

Петар Стојковиќ на Парадата на гордоста во Амстердам 2013
амстердам 2013

Парада на гордоста

Петар Стојковиќ беше еден од интернационалните гости поканети од Народната партија за слобода и демократија кои зборуваа во Амстердам за нивните земји и проблемите со кои се соочуваат.

Петар Стојковиќ во Кафе Ли
промоција на роман

Тринаесетиот месец

Петар Стојковиќ и Мартина Тапарчевска читаа извадоци од "Триенаесетиот месец", роман на Александар Русјаков објавен во декември 2012 година.

Петар Стојковиќ во Волшебникот од Оз
мјузикл

Волшебникот од Оз

Базиран на "Волшебникот од Оз", детска новела напишана од Лиман Френк Баум, првично објавена во 1900 година.

Петар Стојковиќ во Алиса во земјата на чудата
театарска претстава

Алиса во земјата на чудата

Базирана на "Алиса во земјата на чудата", новела од 1865 година напишана од англискиот автор Чарлс Лутвиџ Доџсон под псевдонимот Луис Керол.

Петар Стојковиќ во Европскиот Парламент
Јавна дебата

Замолчување на новинарството

Слободата на новинарите и медиумите во ПЈР Македонија

Петар Стојковиќ протестира против полициската бруталност во Северна Македонија
протести

Стоп на полициската бруталност

Протестите против полициска бруталност беа демонстрации кои започнаа на 6 јуни 2011 година како резултат на убиството на Мартин Нешкоски (21) кој беше претепан до смрт од страна на Игор Спасов, припадник на специјалната полициска единица Тигри.

Петар Стојковиќ во Вртелешка
театарска претстава

Вртелешка

Напишана од Артур Шницлер во 1897 година (објавена 1900 год). Таа ги проучува сексуалните морали и класната идеологија во тоа време преку серија средби помеѓу парови од карактери. Со одбирањето на ликови од сите сталежи на општеството, претставата нуди социјален коментар за тоа како сексуалниот контакт ги преминува границите на класите.

Петар Стојковиќ на Маршот за толеранција
настан

Марш за толеранција

Одбележување на 16ти ноември, меѓународниот ден на толеранција. Во 2012 година настанот беше посветен на ЛГБТ популацијата во Северна Македонија која веќе подолго време е мета на хомофобична кампања, а неодамна резултираше со напад на ЛГБТи центарот за поддршка во Скопје и неколку хомофобични изјави од високи владини претставници.

Петар Стојковиќ во Волшебникот од Оз

Волшебникот од Оз, мјузикл

Продукција: Театар за деца и младинци - Скопје
Година: 2011
Режија: Боњо Лунгов
Прв асистент на режија: Маја Енчева
Втор асистент на режија: Константин Каракостов
Адаптација: Маја Енчева
Музика: Михаил Шишков
Сценографија/костимографија: Дијана Прванова
Превод: Никола Маџиров
Мултимедиа: Величко Каракостов
Видео продукција: Петко Лунгов
Аудио продукција: Ален Хаџи Стефанов

Играат:
Нина Деан, Мартин Јорданоски, Ефтим Трајчов, Петар Стојковиќ, Драган Довлев, Тања Кочовска Павловска, Ана Левајковиќ Бошков, Марија Ѓорѓијовска

Посети вебсајт Затвори
Петар Стојковиќ во Алиса во земјата на чудата

Алиса во земјата на чудата, претстава

Продукција: Театар за деца и младинци - Скопје
Година: 2011
Режија: Александар Ивановски
Адаптација: Васил Пујовски
Музика: Љупчо Мирковски
Сценографија/костимографија: Елена Дончева
Графички дизајн: Кристина Јорданова

Играат:
Марија Ѓорѓијовска, Предраг Павловски, Тања Кочовска Павловска, Катарина Илиевска Силјановска, Винета Дамческа, Петар Стојковиќ, Ана Левајковиќ Бошков, Драган Довлев

Посети вебсајт Затвори
Петар Стојковиќ во Европскиот Парламент

Замолчување на новинарството: Слободата на новинарите и медиумите во ПЈР Македонија, јавна дебата

Настан: Јавна дебата во организација на Алијансата на либерали и демократи за Европа
Дата: Вторник, 20 септември, 2011 18.30-20.30
Локација: Брисел, Европски Парламент ASP 5G1

Домаќини на настанот:
Јелко Кацин, Јорго Шацимаркакис и Мариетје Шаке

Говорници:
Борјан Јовановски, поранешен новинар во А1 телевизија и член на УО на МХК
Билјана Секуловска, поранешен уредник на вестите од надворешната политика во А1 телевизија
Маргарита Цаца Николовска, претседател на Институтот за човекови права и уставен судија во Босна и Херцеговина
Слободанка Јовановска, новинар во Утрински Весник
Петар Стојковиќ, актер и член на УО на МХК

Говорот на Петар Посети вебсајт Затвори
Петар Стојковиќ протестира против полициската бруталност во Северна Македонија

Стоп на полициската бруталност, протести

Злочинот: Млад човек беше брутално претепан до смрт од страна на припадник на полицијата на плоштадот во Скопје. Министерството за внатрешни работи се обиде да го прикрие настанот!

Нашиот одговор: По дознавањето на вистината преку друштвените мрежи, започнавме со секојдневно одржување на мирни протести против полициската бруталност.

Нивниот одговор: Поради притисокот тие го признаа убиството. Иако, освен сторителот на убиството, ниеден друг не понесе командна одговорност. Започнаа со безмилосна кампања против нас.

Нашата борба за правда и ставање крај на полициската бруталност продолжи понатаму. Ѓраѓаните беа на улиците се додека предметот не доби судска разврска, а убиецот максимална казна за стореното дело.

Повеќе информации Погледни видео Затвори
Петар Стојковиќ во Вртелешка

Вртелешка, театарска претстава

Продукција: Факултет за драмски уметности - Скопје
Во соработка со: Детски театарски центар
Година: 2009
Режија: Владимир Милчин
Асистент на режија: Сузана Киранџиска
Превод: Надица Стамболџиоска
Музика: Миодраг Нечак
Сценографија: Крсте Џидров
Костимографија: Марија Папучевска

Играат:
Мартин Јорданоски, Сања Арсовска, Симона Спировска, Славица Манаскова, Ѓорѓи Нешкоски, Марија Бејкова, Ангелка Наскова, Петар Стојковиќ, Јана Стојановска, Емра Куртишова, Марјан Ѓорѓиевски, Димитар Црцороски, Мартина Тапарчевска, Кристина Леловац, Благоја Веселинов

Затвори
Петар Стојковиќ на Маршот за толеранција

Марш за толеранција, настан

Со маршот во 2012 година се даде поддршка за жените кои исто така беа мета на негативна кампања со говор на омраза која имаше цел да ги исклучи и елиминира сите различности во општеството и фокусирана на жените чии приоритети не се вклопуваат во традиционалната улога на жените во општеството.

Хелсиншкиот комитет за човекови права и Коалицијата за сексуални и и здравствени права на маргинилизираните групи побараа од владата на Северна Македонија да го промени кривичниот закон во сегментот на санкции за злосторства од омраза и говор на омраза по основа на сексуална ориентација и родов идентитет.

Посети вебсајт Затвори
Петар Стојковиќ во Кафе Ли

Тринаесетиот месец, промоција на роман

Промоцијата се одржа во кафе ресторанот Ли во Скопје на 23ти март 2013 година. Фановите на Александар Русјаков имаа прилика да ѕирнат во приказните за љубовта, смртта и преобразувањето, како и да уживаат во актерската експресија на Петар и Мартина додека ги читаа извадоците од романот.

Кафе Ли на Facebook Затвори
Петар Стојковиќ на Парадата на гордоста во Амстердам 2013

Парада на гордоста, Амстердам 2013

VVD (Народна партија за слобода и демократија) цели да поканува четири активисти за ЛГБТ права од цела Европа за да го нагласи интернационалниот карактер на нивната борба за еднакви права. За време на престојот на Петар во Амстердам, тој се сретна со претставници од владини и невладини организации во Холандија. Воедно, Петар одржа говор за позицијата и пристапот до човекови права на ЛГБТИ заедницата во Северна Македонија.

Говорот на Петар Затвори
Petar Stojkovikj speaking at the National Roundtable: Tackling Homophobia in Macedonian Football

Панел-дискусија: Справување со хомофобијата во македонскиот фудбал

Здружението за културен и медиумски активизам КВИР СКВЕР од Скопје, кое стои зад иницијативата „Фудбалот против хомофобијата“ во Северна Македонија (повеќе на FvH.mk), ја организираше првата национална тркалезна маса во земјата на тема справување со хомофобијата во фудбалот и адресирање на проблемот со антигеј јазикот што често се користи во фудбалот. На панел-дискусијата, која се одржа на 26.02.2018 во ЕУ ИнфоЦентарот во Скопје, доведовме на исто место претставници од невладиниот сектор, Мрежата ФАРЕ, УЕФА, Фудбалската федерација на Македонија, како и претставници од македонската влада и парламент и други, вклучително фудбалски тренери и судии, заеднички да поразговараат за предизвиците и проблемите со кои се соочуваат ЛГБТ+ луѓето во фудбалот - на трибините на стадионите, на теренот, во соблекувалните. Дополнително, во таа прилика го дисеминиравме прирачникот Фудбалот против хомофобијата, изработен на македонски јазик, наменет за употреба од фудбалските фанови, клубови и власти.

Повеќе информации Затвори
Екипата на театарскиот перформанс Живот за еден сон

Театарски перформанс „Живот за еден сон“

Прославувајќи го јубилејот 50 години од Факултетот за драмски уметности - Скопје, на 1 ноември 2019 година во МНТ, Скомрахи 2019 беше отворен со перформансот „Живот за еден сон“ во кој учествуваа околу 120 актери и актерки од сите генерации кои поминале на факултетот изминатите 50 години. Кореографијата е на Кренаре Невзати - Кери.

Прес-конференција Затвори